Меркел апелира за „учтив дијалог“ во Турција по референдумот

од Vladimir Zorba

 

Германската канцеларка Ангела Меркел ја повика денеска турската Влада на „учтив дијалог на сите политички и цивилни сили во земјата“ по тесната победа на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на референдумот за проширување на претседателските овластувања. 

Таа оцени дека таквиот исход од гласањето ја покажал длабоката поделеност на турското општество.

– Германската Влада очекува дека турската Влада сега ќе тежнее кон учтив дијалог на сите политички и општествени сили во земјата, се наведува во заедничкото соопштение на Меркел и министерот за надворешни работи Зигмар Габриел.

Германската Влада, порачаа Меркел и Габриел, го почитувата правото на турскиот народ да одлучува за сопствениот Устав, но истовремено нагласуваат дека Ердоган носи голема одговорност за следните чекори на Турција.

Меркел и Габриел исто така укажаа и дека ОБСЕ изразил сомневање за тоа дали гласањето е извршено во соодветни услови.

– Турција како членка на ОБСЕ и кандидат за членство во ЕУ мора да ги разгледа оние прашања, кои создаваат загриженост, се заклучува во соопштението на германските лидери./МИА

Слични содржини