Канцеларот на Германија Ангела Меркел ги поканила лидерите на сите големи германски партии на кризна средба в понеделник, за да разговараат за кризата во Грција, јави “Ројтерс”, повикувајќи се на високи лица во администрацијата.

zx450y250_2562047

Претседателите и лидерите на парламентарните групи на сите партии претставени во германскиот парламент, вклучувајќи ја и опозицијата составена од Зелените и левицата, биле поканети да присуствуваат на седницата.

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис изјави претходно дека Меркел го “држи клучот” за решавање на грчката криза.

Пред весникот “Билд” Варуфакис коментираше дека Атина продолжува да е отворена за обновување на преговорите со меѓународните кредитори.

“Европските лидери треба да дејствуваат. И меѓу нив, Меркел, како претставник на најважната земја го држи клучот во раката. Се надевам дека ќе го искористи”, коментира грчкиот министер за финансии.

Во меѓувреме, германскиот заменик-канцелар Зигмар Габриел изјави во саботата дека предлогот на Владата во Атина за референдум за барањата за штедење не треба да биде отфрлање со лесна рака, иако е исклучително важно Грците да имаат јасен предлог, по што ќе гласаат.

Во интервју за радио “Дојчландфунк” Габриел рече дека ваквиот референдум би имал смисла само ако Грците имаат можност да гласаат за предлогот на Европската унија за помош поврзана со реформи.

“Не треба да отфрламе предлогот на Ципрас и да го сметаме само за еден број. Ако прашањата се јасно формулирани … тоа би имало смисла”, рече Габриел.

Ципрас најави референдум за барањата за штедење од странските кредитори во саботата и така го отфрли “ултиматумот” на доверителите.

Габриел, кој е и министер за економија и лидер на централно-левичарската социјалдемократската партија (SPD), потсети дека претходната грчка влада предводена од Јоргос Папандреу, сакаше референдум во 2011 година при обидот да се применат болните кратенња побарани од кредиторите, но беше соборен по овој обид. Габриел рече дека владите на ЕУ се спротивставија на идејата во 2011 година, но тој самиот ја наоѓа за добра.

Вице Премиер изјави дека не знае дали веќе се изготвени условите на нов договор, што ќе биде предмет на референдумот. “(Но) референдумот ќе има смисла само ако европскипт предлог се гласа. А Европа нуди многу на Грција.”

Тој рече дека е неприфатливо Ципрас да сака Европската унија да му испрати 20 или 30 милијарди евра од спасувачките средства, но без никакви услови.

“Затоа треба да се прашуваат луѓето дали сакаат спасувачките средства во замена за придржување кон одредени мерки кои ќе доведат до реконструкција на Грција чекор за чекор.”

Габриел рече дека многу од најболните мерки за штедење биле избришани од условите на спасувачкиот план. Тој призна дека “грешката на старите спасувачки програми” биле дека акцентот бил ставен врз економиите.

“Сега ЕУ нуди вистинска помош за инвестиции, за економски раст и за борба против невработеноста меѓу младите луѓе”, рече тој.

Слични содржини