Металург загуби на последниот натпревар од Лигата на Шампионите на домашен терен

од desk4

Ракометарите на Металург со пораз се поздравија од домашните навивачи во групната фаза од Лигата на Шампионите. Попладнево тие загубија од Мотор Запорожје со 30-22.

На полувремето македонскиот вицепрвак губеше 16-12, откако гостите рано се одлепија. Во шестата минута имаа четири гола предност.

Во редовите на Металург најефикасен беше Дарко Димитриевски со пет гола, а втор беше Халил Јагањац со 4.

Табела: Монпелје 16 бодови, Мотор Запорожје 13, Бешикташ 7, Спортинг 6, Чеховски Медведи 7 и Металург 5.

Слични содржини