Мила Кунис со прекрасно изненадување за своите родители

од Vladimir Zorba

 

Актерката Мила Кунис (33) одлучи да направи нешто за своите родители Марк и Елвира нешто за што тие не ни сонувале.

Актерката, заедно со компанијата за уредување на домот „Хоуз“ им ја реновираше куќата во Калифорнија, во која живеат веќе 25 години.

Тие ја купиле кога од Украина дошле во Америка, а Мила во неа го минала детството. Иако актерката и нејзиниот сопруг Ештон Качер (39) неколку пати им понудиле да им купат нова куќа, нејзините родители не сакале да се исселат од својот дом.

– Не можев да дозволам моите мама и тато да живеат во оваа куќа. Бидејќи не сакаа нова, одлучивме да ја обновиме, вели Мила.

Најголем проблем бил недостигот на простор. Мила на родителите им рекла дека треба да излезат од куќата на шест недели, но не сакала да им ја каже причината за тоа. Кога на крајот се вратиле, не можеле да не заплачат од среќа.

– Сега има место и за шест внучиња, се пошегувал таткото на Мила.

Слични содржини