Митингот во Солун нема да влијае на разговорите со Македонија

од Vladimir Zorba

Митингот во Солун нема да влијае на разговорите со Македонија., во ова е убеден  грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коцис.  Според неговите зборови, настанот едноставно ја покажува позицијата на многумина во Грција на оваа тема.   

Сепак, Коѕијас инсистира на тоа дека официјалниот тек на земјата е друга работа . Тој ја даде оваа изјава во Брисел, каде што се собраа министрите за надворешни работи на ЕУ.

Тој потврди дека разговорите продолжуваат во Давос, но нивната дневна агенда сеуште не е решена.

 

По митингот во Солун утре е Давос, а кои се кочничарите на решението за името?

Потсетуваме дека во неделата  десетици  илјадници луѓе се собраа на протест во Солун со барање да го блокираат секој договор за решавање на долготрајниот спор помеѓу Атина и Скопје, кој го вклучува името Македонија.

Атина тврди дека со името Македонија, Скопје има територијални претензиикон северниот грчки регион Македонија, чиј главен град е Солун.

Митингот беше прогласен од страна на организаторите како неполитички, но според грчки извори сепак има  инволираност на опозициската Нова демократија.

Минатата недела Грција и Македонија ги испратија своите делегации во ОН во надеж дека ќе постигнат компромис за 27-годишниот спор околу името.

Според анкетите, 70 отсто од Грците не се согласуваат да го користат името Македонија.

Висок е процентот и во Македонија каде граѓаните не сакаат менување на името.

Слични содржини