Мицкоски како советник во Владата добивал по 1100 евра месечно

од desk4

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски зел 20 000 евра хонорар за неговиот ангажман како советник за енергетика на екс премиерите Никола Груевски и Емил Димитриев.

Мицкоски бил советник од април 2015 до октомври 2016. Во овој период,  месечно му биле исплатувани по 68.000 денари или 1100 евра. Хонорар не добил за последните два месеци.

На последниот дуел со премиерот Заев, Мицкоски кажа дека работел про боно во Кабинетот на Груевски и на Димитриев.

Според СДСМ документите покажуваат дека Мицкоски не ја говорел вистината кога рекол дека додека советувал Никола Груевски не добивал пари.

„Додека граѓаните осиромашувале, додека се уништувала економијата и се трупале огромни долгови, Христијан Мицкоски ги чинел граѓаните 2 милиони денари„ пишува во соопштението од СДСМ.

 

Повеќе на   Novatv.mk

 

Слични содржини