Мицкоски на Жан-Кристов Белијард му се пожали дека сме сведоци на политички прогон

од desk4

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска се сретна со Жан-Кристоф Белијард, директор во службата за надворешна политика на ЕУ, Ангелија Ајхорст, директор за Западна Европа, Западен Балкан и Турција, Геновева Руиз Калавера, директор во Директоратот за Проширување на ЕК. А на средбата присуствуваше и амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар.

На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во Република Македонија, за стратешките приоритети на државата, како и за реформските процеси важни за Република Македонија.
Претседателот Мицкоски истакна дека сме сведоци на политички прогон кој се извршува врз десетина лица, а сето тоа не ја придвижува Република Македонија напред кон нејзините стратешки цели, ЕУ и НАТО.

Слични содржини