Еден од предлагачите на законот против прислушкуваните материјали Крсто Мукоски вели дека законот е се уште во собраниска процедура и дека до вечер ќе се одлучи дали ќе биде повлечен.

муко

„До вечер со Талат ќе се видиме за да се договориме што ќе правиме со предлог законот. Засега не можам да кажам дали ќе биде повлечен. Новинарите веќе добија изјава дека ќе биде вратен на дополнителна доработка, но засега е се уште во собраниска процедура“, изјави Крсто Мукоски, за А1 Он

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и Талат Џафери од ДУИ се предлагачи на ова законско решение кое забранува било каква употреба на бомбите.

Предлог законот предизвика лавина реакции во јавноста и ги испровоцира граѓанските здруженија да се појават на протест денеска во 18 часот пред Собранието.

Слични содржини