Центарци одат на референдум на 26.април за фасадата на ГТЦ. Прашањето на кое ќе се изјаснат дали сакаат менување на фасадата на Градскиот Трговски Центар, гласи „Дали сте за тоа да се задржи сегашниот изглед на фасадата на Градскиот Трговски Центар во Скопје?“. Граѓаните на референдумот ќе се изјаснат со „За“ или „Против“ најави денеска градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.

GTC barokviz01 02

Според него предлогот кој го доставил до Советот на Центар за одржување на референдумот се предвидува за 26.април во период од 7 часот наутро до 19 часот.

Жерновски смета дека референдумот е потребен како најчист и најавтентичен облик за граѓанско одлучување, притоа изразувајќи разочараност во однос на тоа дека во Македонија референдумот е речиси заборавена појава. Само за споредба вели Жерновски, во Германија има по 200 референдуми годишно, додека поблиску до нас, во Хрватска околу 10 на годишно ниво.

Референдумот претставува можност за коректив на сите одлуки кои ги носи власта и на централно и на локално ниво и ако тие одлуки се штетни и контраверзни за интересите на граѓаните, тогаш референдумот претставува тој коректив, изјави пред новинарите Жерновски претставувајќи ја иницијативата.

Слични содржини