На кого му требаат пописни лаги

од Vladimir Zorba

popis-stanovnistva

Пописот на населението во БиХ кој е спорведен пред три години, првпат по повеќе од 20 години, со сигурност може да го понесе епитетот невидена лакрдија.

По долго подготвуваниот попис и по потрошените десетици милиони конвертибилни марки, ни денес не се знае колку жители брои БиХ, колку домаќинства има и кои се жителите. Не се знае ни кои лица се попишани како постојани жители на земјата, а никогаш не стапнале на нејзиното тло.

Дека се можни секакви малверзации и манипулации во оваа земја не е никаква тајна, но кога од нив корист имаат тие кои треба да контролираат да не дојде до малверзации, тоа навистина не може да се проголта, а ни да се аминува.

Првиот човек на Евростат, Питер Еверерс беше инволвиран од самиот почеток на приказната на пописот на населението во БиХ, во која военото уништување и разните миграциски движења ја променија предвоената демографска слика.

Три години по пребројувањето и пописот, тој на јавноста и соопшти дека пописот е во согласност со меѓународните стандарди. Еверерс и неговиот меѓународен тим од самиот почеток, па се до крајот го следеа пописот, донесуваа правила и го контролираа целиот процес.

На крај со секакви импровизации и акробации, за да не ги признаат сопствените грешки, констатираа дека 200.000 жители не е некоја бројка заради која пописот во земјата може да се оцени како неуспешен, дека бројките се надувани и дека работите на терен не се точни.

За Евростат и Еверерс не е никаков проблем што во неговите бројки и бројките на Агенцијата за статистика на БиХ не верува Република Српска, за која податоците од пописот се неточни, неупотребливи и исфорсирани.

Европа, која како што тврди ја сака БиХ во своето семејство, според се судејќи, баш и нема искрени намери. Ако се верува на тоа што го предочија Еверерс и Евростат и се признае попис во кој не верува половина од оваа земја, јасно е како ден дека нема искрени желби земјата да биде доведена во ред.

Како поинаку да се протолкува сето тоа, туку како фрлање на шарени лаги за наивните, бидејќи на ниедно семејство во кое владее ред и прецизност, не му требаат лажни бројки за бројот на населението.

Глас Српске – Бања Лука

Слични содржини