На што се должи омекнувањето на ставот на Иванов

од Vladimir Zorba

Дали посетата на американскиот претставник Хојт Ји е вовед во конечна разрешница на политичката криза во земјава. Шефот на државата, Ѓорѓе Иванов – по средбата со Хојт Ји – ги омекна ставовите, информира ТВ24.

Сега бара сад да помогнат во надминување на пречките за да се додели мандатот за состав на нова влада. Преку писмено соопштение Иванов го повика Заев да дојде во кабинетот и да даде гаранции дека унитарноста нема да биде загрозена. Заев порача дека програмата на новата влада – гарантира почитување на уставот.

Оофицијалните средби на Хојт Ји со лидерите на политичките партии, Заев и Груевски завршија доцна попладнево. На што се должи промената во вокабуларот на Иванов, објаснува аналитичарот Петар Арсовски.

Слични содржини