6f8217e6dd9c27a64a7c88073680b719

Истражниот комитет на Русија најави награда за секоја информација која ќе помогне за откривање на убијците на опозиционерот Борис Немцов, пренесе Интерфакс.

Истрагата е подготвена да плати за скапоцени информации 3 милиони рубљи.

Претходно Комитетот се обрати кон сведоците на убиството, велејќи дека гарантира за нивната анонимност.

Според истрагата убиецот на Борис Немцов успеал да избега од местото со “Лада десетка” – ВАЗ-21102 светло сива металик, производство 2002 година. За потрагата по автомобилот се мобилизирани сите постови и Единиците на полицијата во Москва, пренесува LifeNews, повикувајќи се на извор во истрагата.

Според податоци на полицијата, возилото на убијците бил со регистарски таблички од Северна Осетија. Неговиот претходен сопственик веќе е утврден. За него се знае дека живее во околината на Владикавказ.

Инспекторите сега ги анализираат кадрите од камерата за видео надзор, која е монтирана на Големиот Москворецки мост и работи деноноќно. Таа го фиксирала моментот на убиството, но снимката е со многу лош квалитет, забележува рускиот Пери канал .

Судејќи според она што може да се види на снимката од камерата, околу 23.30 Борис Немцов и придружбата одат по мостот, а убијците ги демнат. Покрај нив поминува возило и токму во тој момент убиецот отвора оган. Потоа брзо седнува во автомобилот и исчезнува со неа.

Борис Немцов умира на место од истрелите во неговиот грб. се истражуваат барем 5 верзии. Меѓу возможните мотиви се политичка провокација, конфликти во бизнисот, лично непријателство.

Слични содржини