Најден починат старец, покрај него крв и нож

од desk2

Итна медицинска помош вчера во 22 часот во Единицата за известување и командување пријавила дека на улицата „Антон Панов“ во Скопје било пронајдено починато лицето С.Ј. (78) од Пробиштип.


Починатиот имал расекотина на вратот, а до неговото тело биле пронајдени траги од крв и нож.

С.Ј. бил пронајден од неговиот внук кој го известил неговиот татко (зетот на С.Ј.), кој пак го пријавил настанот. Увид извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било пренесено во Институт за судска медицина на обдукција.

Слични содржини