Напукнати ѕидови и тавани на куќи во Велес од вчерашниот земјотрес

од Vladimir Zorba

basino-selo-fin1473683459_thumb_medium490_0-1

Срушени и напукнати ѕидови, оштетени тавани и санитарен чвор. Ова се штетите од синоќешниот земјотрес што бил почуствуван и во Велес и во околината. Во Центарот за управување со кризи вчеравечер добиле шест пријави за настанати материјални штети, информира duma.

Земјотресот со јачина од 5,3 степени срушил ѕид на куќа во Башино Село и напукнал неколку ѕидови. Во куќи на улиците „Ристо Попов“ и „Петре Милевски“ во Велес, последиците биле напукнати тавани и ѕидови. Земјотресот се почувствувал и во село Извор, општина Чашка. Таму потресот оштетил носечки ѕид од куќа во должина од 2,5 метри.

Целата информација можете да ја прочитате тука

 

Слични содржини