Неизвесна судбината на вработените од МПМ, синдикатот ќе бара средба со раководството

од Vladimir Zorba

Фирмата „Медиа принт ДООЕЛ“ од семејството на МПМ што беше отворена во крајот на февруари оваа година бара да вработи 55 новинари.

Новинарите вработени во „Вест“, „Утрински“ и „Дневник“ стравуваат дека весниците ќе згаснат, а фирмата „Графички центар“ во која досега беа вработени, ќе оди под стечај и дека ќе треба да конкурираат на новиот оглас.

Новинарите не се информирани што се случува во компанијата. Синдикатот од трите весници ќе побара средба со менаџментот на МПМ, односно со Срѓан Керим за да им објасни што точно се случува со компанијата. Судбината на вработените во весниците е неизвесна.

Доколку биде отворен стечај – тие остануваат без работа. Во текот на денот вработените се надеваат дека ќе добијат повеќе информации. Лошата финансиска состојба во овие медиуми трае со години, а пред нова година новинарите излегоа на штрајк поради неисплатени плати.

Слични содржини