Неверојатна злоупотреба во случајот со лажна бременост

од Vladimir Zorba

Случајот во кој гинекологот Дамчевски, во моментов вработен во Гинеколошко-акушерската клиника (ГАК) во Скопје, монструозно девет месеци лажел пациентка дека е бремена ја згрози јавноста и повторно отвори прашање за третманот на пациентот во здравството во Македонија.

picture

Дамчевски, за кого Министерството за здравство, Лекарската комора и ГАК се известени за направените злоупотреби во приватната здравствена установа во која претходно работел, како и дека против него е поднесека кривична пријава и дека случајот е во фаза на истражна постапка, е вработен во ГАК каде е во секојдневен контакт со пациентки.

Ирена Фрчкоска, адвокатка на оштетената пациента во случајот за Либертас изјави дека во конкретниот случај се работи за скандалозно и крајно непрофесионално однесување од страна на гинеколот кој требал да и пружи медицинска помош на пацинетката во процесот на добивање дете.

 -Едноставно, случајот е неверојатен бидејќи се работи за низа непрофесионални и нечовечни дејствија кои се косат со здравиот разум. Докторот девет месеци ја држел во заблуда и ја лажел  оштетената дека е бремена со покажување на лажни ехо снимки, извештаи, скрининзи ехо прегледи, вербални убедувања. Успеал со давање на хормони да постигне зголемување на стомакот” односно ефект на лажна бременост.Кога наводно требала да се породи, им соопштил дека оштетената не е бремена и дека самоиницијативно одлучил да експериментира со неа. На крајот докторот предложил да изврши царски рез и да и соопштат на оштетената дека бебето е мртво родено. После овој случај  Министертвото за здравство го вработило овој доктор  на ГАК каде и денеска работи. Овој случај е важен да се сподели во јавноста за во иднина да се спречат вакви тешки злоупотреби, а не само да се добие некаква сатисфакција за оштетените – додава таа.

Според адвокатката на оштетената ова што го направил докторот не е спроведено врз основа на научно истражување, туку како еден вид на експеримент, без знаење на оштетената и на нејзиниот сопруг.

-Последиците кои овој случај ги оставил врз пациентката се катастрофални – изјави за Либертас адвокатката.

Слични содржини