Тој во Скопје ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никола Попоски, а потоа според грчкото МНР, ќе разговара со вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими. На агендата е и прием кај премиерот Никола Груевски и кај претседател Ѓорге Иванов, со кого ќе има и работен ручек.

Мерките за градење доверба, засилување на економската соработка, како и билатералните прашања, вклучувајќи го и прашањето за името ќе бидат на агендата на разговорите на Коѕиас.

Македонија е првата станица од мини балканската турнеја на грчкиот шеф на дипломатијата со цел, како што тврди официјална Атина, зацврстување на врските и соработката на Грција со балканските држави и одржување на регионалната стабилност.

Слични содржини