Нишани му одобри државјанство на Рамуш Харадинај

од Vladimir Zorba

Албанскиот претседател,Бујар  Нишани, потпиша декрет со кој на лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај му се одобрува  државјанство на Република Албанија.

Албанско државјанство добила и сопругата на Харадинај, Анита Мучај.

Нишани декретот го донесол на лино барање на сопружниците.

Рамуш Харадинај моментно е во Франција,без право да ја напушти земјата. Судот во Колмар решава по барањето на Србија за есктрадиција на Харадинај поради обвинение дека во текот на војната на Косово извршил воени злосторства.

Барање за добивање албанско државјанство, се поднесува во Министерството за внатрешни работи а декрет за негово одобрување потпишува шефот на државата.

Слични содржини