Ништо без 4 шољи, ни полицајци, ни учители: Најголеми зависници од кафе се новинарите

од desk3

Заборавете дека полицајците и детективите се единствени што по цели денови седат зад канцелариската маса и испиваат шољи и шољи кафе бидејќи постојат оние кои се од нив позависни од кафе – новинарите. 

Најновото британско истражување покажало дека новинарите и останатите медиумски работници се поголеми зависнци од било која друга професија, па дури и од полицајците и учителите.

Стручњаците ги истражувале навиките на пиење на кафе врз 10.000 луѓе од кои 85 посто пиеле повеќе од три шољи дневно.

Се чини дека без кафе не можат луѓето од  низа други професии. Студијата покажала дека најмногу кафе повеќе од четири шољи днено пијат вработените со стресни професии, најмногу новинарите, а потоа полицајците па учителите.

Потребата новинарите најмногу да пијат кафе веројатно е поврзана со наодите од другите студии, како што се оние според кои новинарстовот веќе со години е на врвот на најлоши прифесии или со фактот дека луѓето навистина не ги сакаат новинарите.


Слични содржини