Бива ли пропагандата на власта да е толку кратковида, па за да не сфати дека веќе настапи периодот на “психолошка вакцинација” кај народот. А не дека ова јас нешто сум го измислил, него во период од 10 години секој од нас отишол во катастар, во болница, пријавил кражба во полиција, му стигнало необразложено решение од некоја институција итн… Сега веќе се се знае… каква ни е реалноста… а на што го должам овој став.. на петтото продолжение на мега-интервјуот на Груевски за порталот Телеграф, секако во сопственост на најбогатиот Македонец според Форбс, инаку кум на братучедот на Груевски, Мијалков..

gruevski_sitel2-300x249

 

И ќе се осврнам на делот на демонстрантите од шарената револуција… на прашањето дали сите што протестираат тоа го прават за пари Груевски вели дека не сите, но оти една една третина до една половина биле како што вели дебело платени од организаторите, главно НВО.

“ И тие се најголем дел од агресивните. Тоа се луѓе што не само што се платени, туку живеат од тоа плаќање. Големи пари се трошат за сето ова. Останатите се мешавина од активисти на СДСМ кои доаѓаат по партиска задача на секој можен протест против нас. Понатаму, има т.н. хејтери или мразачи, кои се на секој протест и го мразат секого што е на власт, бидејќи причините за своите лични неуспеси ги бараат кај власта, а не кај себе и во своите грешки и такви има во секое општество. Има и луѓе што наивно веруваат дека набрзо ќе дојде на власт СДСМ, па мислат да фатат некаков приклучок, да ги видат, заради остварување на некој нивен личен интерес”вели Груевски.

Ајде некако да сфатам што еден ист објект го пуштаат по 10 пати во употреба, сепак народот има кратко паметње поради секојдневните проблеми, ама ќе кажам дека има во државава и луѓе кои рабираат пропаганда и знаат како таа се злоупотребува. А на читателите им препорачувам да читаат повеќе, а ако ги интересира повеќе нека го читаат американскиот политички теоретичар Ноам Чомски, кој јасно ја разобличува методолошки пропагандата. Јасно ги наведува 10-те стратегии за медиумска манипулација, а ви ја пренесувам 9- тата која гласи вака…

comski
9. СОЗДАВАЊЕ НА ЧУВСТВО НА ВИНА

Да се натера поединецот да верува дека тој е единствениот виновник за неговата сопствена несреќа, заради неуспех на сопствената интелигенција, заради неспособност или недоволно труд. Така, наместо побуна против економскиот систем, поединецот не делува бидејќи сам себе се обвинува за неуспехот, што пак води кон депресивна состојба што гарантира спречување на акцијата. А без акција, нема револуција.

И сега да Ве потсетам на “бомбите”… За милионските тендери, за мито за набавка на опрема од Израел, набавки во здравство , купување парцели на Водно од Груевски итн…

И што очекувате дека Груевски ќе рече народот ми е гладен… го крадевме… Не ќе каже “лично си неспособен, никој не ти е крив”, а ти испраќа инспекции за да ти го уништат бизнисот, институциите не те заштитуваат итн…

И сега да се надоврзам на Чомски и депресивноста која ја споменува …претпоставувам дека веќе знаете дека анти-депресивите се најпродаваниот лек во Македонија. Еве Ви пренесувам еден текст од страницата на здржението на приватните лекари на Македонија со наслов “Пораст на психички проблеми кај населението”

3225A3B8AB6F9748A2F7E2725EF54FFF

“Забележуваме дека се зголемува бројот на пациентите што имаат психички проблеми и притоа користат антидепресиви, но не по препорака на лекар, туку сами си купуваат „дијазепам“, „лексилиум“ – вели д-р Лили Чолакова-Дервишова

Пациентите често доаѓаат поради други симптоми и се жалат „тешко ми е, ме гуши и пече срцето, имам вртоглавица“, дури пијат и погрешна терапија за друго заболување, а страдаат од депресија, која може да се излекува со правилна и навремена терапија, предупредуваат матичните лекари, во чија надлежност се враќаат откривањето и лекувањето на депресијата, која е во пораст и кај нас.

Според СЗО, меѓу 10 водечки болести, депресијата до 2020 година ќе биде на второ место, веднаш по кардиоваскуларните заболувања. Антидепресивите и сега се меѓу најпродаваните лекови кај нас – нивната употреба е зголемена за дури 300.000 кутии од 2008 до 2010 година!

По 300 прегледи месечно

Во Центарот за ментално здравје „Пролет“ имаат по 300 прегледи месечно на лица што се жалат на психички проблеми, а 70 пациенти се во дневната болница.

– Во пораст се и психозите и депресијата. Дали некој ќе заболи, зависи од многу фактори – пред с` генетски, но важен е и социјалниот фактор – нема работа, нема пари… Еве, пред една недела ни се јави на преглед девојка од Турција, која тука студирала шест месеци и веќе заболела од депресија, пред с`, поради оддалеченоста од домот, јазичната бариера, а немала ниту пријатели, па не успеала да се приспособи на околностите. Дојде само еднаш и реши да замине во Турција – вели д-р Виктор Исијановски, психијатар во Центарот.

За психијатар и во овој центар, мора да се има упат од матичен лекар.

МВР: Нервно растројство причина за самоубиство

Според статистиката на МВР, во 2011 година имало 140 самоубиства или десет помалку отколку во 2010 година, кога 150 граѓани си го одзеле животот. Бројот на самоубиствата се намалува од 2008 година, кога биле регистрирани рекордни 165 самоубиства, а една година подоцна – 162. Најчеста причина за одземање на животот било нервно растројство предизвикано од различни причини и болести. Граѓаните најчесто се одлучуваат да се самоубијат со бесење.”

Ако сакате да го видите целит текст кликнете ТУКА

Се надева дека успеавте да ги поврзете, изјавата на Груевски за личната неуспешност, идеалното живеење во државава што го гледате секој ден на ТВ, тврдењето на Чомски , анти депресивите и секако Шарената револуција… повторно ќе ги споменам речениците на еден од најголемите мислители на денешницата Чомски: Така, наместо побуна против економскиот систем, поединецот не делува бидејќи сам себе се обвинува за неуспехот, што пак води кон депресивна состојба што гарантира спречување на акцијата. А без акција, нема револуција- целта на Груевски

 

Филип Ѓурчиновски

Слични содржини