Ноќеска приведувања!15 учесници во насилствата во парламентот на список на обвинителството

од Vladimir Zorba

Неофицијални извори од МВР и ОЈО брифираат дека Основното јавно Обвинителство синоќа издало наредба да се приведат 15 учесници кои учествувале во насилството што се случи во четвртокот во Собрание.

Според неофицијални информации Министерството за внатрешни постапувало ноќеска  по тоа барање.

Штом ќе бидат најдени, осомничените ќе бидат однесени во полициска станица и веднаш  изнесени пред пред судија на претходна постапка и најверојатно ќе се бара притвор.

Министерството за внатрешни работи синоќа побарало мерки за обезбедување за четири лица за кои има докази дека биле водачи во насилството врз пратениците.

Претходно МВР испрати писмо до Основното јавно обвинителство со кое бара под итно да се повикаат на сослушување и да им се одредат мерки за обезбедување на четири лица за кои се обезбедени докази дека биле организатори и водачи на насилството врз пратениците кое се случи во четвртокот во Парламентот.

Неофицијално станува збор за Б.Д,  Б.И, В.Ј.и И.Д. МВР продолжува интензивно да работи на расчистување на насилството во Собранието и обезбедување на докази.

Јавното обвинителство досега испрати само соопштиение до јавноста дека ги следи настаните, но не се изјасни ниту за организаторите, ниту за евентуална квалификација на делото.

Истакнаа дека имаат  „редовна комуникација“ со МВР и дека се поставени 6 обвинители да работат на расветлување на упадот од страна на стотици хулигани во Собранието каде што  тепаа пратеници.

Од снимките кои излегоа во јавноста има доволно докази кој се учестувал во насилствата.

Жално е што меѓу хулиганите има вработени во специјалните полициски сили, началници и вработени во БЈБ и УБК, но во толпата има и вработени од АРМ. Сите тие учествувале или имале задача да статираат, но да не го спречуваат линчот на пратениците на новото парламентарно мнозинство. пишува Либертас. Голем дел од нив молчат и мислат дека најгустото помина и дека ќе се спасат од одговорноста за хаосот ва парламентот, тврди истиот извор ,цитирајќи полициски извори.

 – Кога добивме наредба да дејствуваме, да ги неутрализираме хулиганите, да ги извлечеме загрозените пратеници и новинари изложени на дивеење, поразувачки за нас беше и кога во толпата видовме многу наши колеги – открива нашиот извор.

Кога почнале да ги потиснуваат хулиганите од колеги во униформа кои биле цело време во Собранието биле прекорени да не ги туркале насилниците.

Обезбедувачите на екс-министери дури и заедно со хулиганите грлале и мавале по специјалците кои дошле со наредба да воспостават ред во парламентот и да ја прекинат операцијата за линчување.

– Во МВР има снимки и докази за учеството на наши колеги, но и од армијата и сите други насилници кои прифатиле да бидат дел од пеколниот план за линчување, тврдат извори од МВР за Либертас.

Министерот Нухиу бил предупреден претходно дека е можно такво сценарио за пресметка во парламентот, но тој речиси и немал начин да спречи, се било во рацете на директорот на БЈБ и вмровскиот кадар во МВР.

Во просториите на Собранието во четвртокот вечерта кога брутално беа нападнати пратеници од парламентарното мнозинство, новинари и вработени во парламентот, бил и Мунир Пепиќ, вработен Агенцијата за разузнавање, а поранешен вработен во  Полициската станица „Бе-ко“.

Тој бил внатре со службено оружје и легитимација, иако не бил на задача, а службениот автомобил му бил паркиран кај Градска болница. Очевидци велат дека Пепиќ бил виден како го удира пратеникот Павле Богоевски.

Слични содржини