Нова посада отпатува на МВС со леталото „Сојуз“

од desk2

Ракетата Сојуз MS-06 е лансирана од космодромот Бјанконур во Казахстан и во вселената однесе тројца нови членови на Меѓународната вселенска станица (МВС).


Во вселенското летало биле космонаутот Александер Мисуркин од руската вселенска агенција Роскосмос и астронаутите од американската вселенска агенција НАСА, Џо Акаба и Марк Ванде Хеј. Ракетата е лансирана синоча, а летот траел шест часа.


Ракетата Soyuz MS-06 е лансирана брзо откако леталото MS-04 успешно слета во Казахстан, а со кое тричлената експедиција 52 успешно се врати на Земјата.

Новите членови на МВС ќе им се придружат на командантот на експедицијата 53 од НАСА Ренди Бресник, космонаутот Сергеј Риазански и Паоло Неспољ од Европската вселенска станица. Тие на МВС ќе поминат по пет и пол месеци.

https://www.youtube.com/watch?v=Eqsq3nKhe5M

Слични содржини