Нова ВЛАДА, лаги, вистини и санкции – Хојт ЈИ ги разреши дилемите !

од Vladimir Zorba

Излезот од кризата е формирање нова влада, ова е пораката на Хојт Ји кој по средбите рече дека е задоволен „од определбата за демократска, унитарна држава и за мирен трансфер на власта“

Заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Хојт Ји, по средбите со политичките лидери, изјави дека е дојден да даде поддршка на новоизбраниот претседател на Собранието Талат Џафери.

Тој  по разговорите дефинтивно ги охрабри  сите за што побрзо формирање на влада, којашто ќе се зафати со реформските приоритети и враќање на земјата на патот кон ЕУ и НАТО.

„САД се определени да и` помогнат на вашата земја во комплетирање на потребните реформи“, кажа Ји.

Тој истакна дека средбите биле конструктивни, и дека е „задоволен од определбата за демократска, унитарна држава и за мирен трансфер на власта“.

„Чувствуваме дека е многу важно лидерите да најдат начин да му дозволат на мнозинството во парламентот да предложи влада и владина програма. Разбираме дека постои загриженост за владината програма, и веруваме дека тоа треба сериозно да се разгледа во парламентот. Тоа е вистинското место за таа дебата“, рече американскиот дипломат

САД не ја менуваат политиката кон Македонија

Посетата на Македонија за заменик помошникот државен секретар на САД беше уште една можност за САД да ја пренесат пораката дека нивната политиката кон регионот на Западен Балкан и Македонија, е непроменета.

„Даваме силна поддршка за интеграција на регионот и на Македонија во Европа. Ги поддржуваме легитимните желби на македонските граѓани да имаат постабилна, демократска и напредна иднина“, истакна Ји.

Тој ги спомена настаните од четвртокот, повторувајќи ја осудата за насилството, и заложувајќи се одговорните да бидат изведени пред правдата. Тоа така се прави во демократските држави.

Заканите за санкции кон одредени политичари во Македонија кои го блокираат демократскиот процес се можност што сериозно се разгледува, навести  заменик помошникот на државниот секретар во Стејт департментот Хојт Ји, по дводневните средби со претседателот Ѓорге Иванов, спикерот на парламентот Талат Џафери и лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

На новинарско прашање дали санкциите се опција, Ји рече: „Македонија и САД се партнери, и ние многу веруваме во принципот дека партнерите имаат заеднички интереси, заеднички вредности и заедничка одговорност. Кога партнерите работат заедно на заеднички цели, без разлика дали тоа се мировни мисии, комерцијални потфати или решавање конфликт, важно е партнерите да се потпираат еден на друг за да ги исполнат преземените обврски. Еден од принципите кој државниот секретар Тилерсон јасно гo истакна е дека во нашите односи со соујзниците, партнерите или противниците ние имаме намера да ги сметаме за одговорни за она што го велат или прават. Не би сакал понатаму да навлегувам во детали како тоа ќе го сториме, но мислам дека знаете оти САД го зема за сериозно она што го вели или го прави, или она што сака да го стори за да им помогне на своите партнери“.

(ВИДЕО) Џафери за ХРТ: Иванов има рок од 10 дена да додели мандат

 

 

Дека можноста за санкции сега се проширува и на политичарите и државните функционери за кои ќе се утврди дека имале одговорност за организираниот напад врз Собранието на 27 април, говори и остриот речник со кој Ји го осуди и нападот.

„Уште поалармантен е инцидентот во парламентот од минатиот четврток кога членови на парламентот беа насилно и кукавички нападнати само поради тоа што избраа нов спикер на парламентот. Силно ги осудивме овие напади и бараме од властите брзо и целосно да ги истражат нападите, и одговорните да ги изведат пред лицето на правдата“, рече Ји.

Санкциите како мерка за притисок и на ЕУ минатата недела ги спомена германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел

„Засега испраќаме јасни сигнали и се надеваме дека нема да мораме да ги ставиме во сила сите мерки кои ни стојат на располагање. Се надеваме дека ќе надвладее разумот. Имаше избори и оние што ги загубија ќе морат да си заминат. Но недозволиво е некој да ја задржува власта само затоа што има страв од истрагата на Специјалното јавно обвинителство за она што го правела владата. Тоа не е можно. Тоа е во спротивност од она што го бараме во Европа“, рече Габриел.

Сега останува по посетата на Ји и средбите да се види дали Иванов и  Груевски  ги разбрале пораките и и биле искрени во разговорите и ќе ги исполнат ли тоа што му го ветиле на вискоиот американски гостин  или се ќе остане само ветувањата или обична лага.

И во едниот и  во другиот случај меѓународнатаз аедница стави јасно до знаење дека ниту се откажува од Макеонија, ниту  ќе дозоволи  некој да ги блокира смената на власта и демократските процеси на државата.

Слични содржини