Новиот владин состав – предлозите се уште не се доставени до Собранието

од desk4

„Ако во игра влегуваат интриги, ние сме за транспарентност, а за друго ве упатувам кај премиерот. Со други зборови, на Алијансата и припаѓаат две министерства: за здравство и за локална самоуправа.“ – рече Зијадин Села, претседател на Алијанса за Албанците

Неофицијално ДУИ предложи до Владата три имиња како можни кандидати за заменик министер за образование.

Меѓу нив се Армир Садики, поранешен шеф на кабинетот на Абдулаќим Адеми кога тој раководеше со Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор, поранешниот министер за економија, Дритон Кучи иако тој оваа информација ја нарече шпекулации, како и поранешниот градоначалник на Студеничани Фати Исени, кој што е директно поддржан од лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

За позицијата министер без ресор задолжен за странски инвестиции, од ДУИ барем се уште официјално немаат предлог, но како што дознава Алсат М, во случај на заминување на Алијансата од владата, овој ресор може да и припадне на ДПА.

По овие можни промени во министерствата, останува нејасно дали СДСМ ќе се откаже од заменик министерот за здравство и кому требаше да му припадне оваа позиција. Едно е сигурно, ДУИ се откажа од ресорот Министерство за здравство што според нив претставува еден од ресорите каде е потребно многу работа. Во случај на промени внатре во мнозинството, од ДУИ се убедени дека бројките за гласање за нови кадри нема да фалат. Владата смета на пратениците на ДПА, еден на Весел Мемеди, еден пратеник од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, Амди Бајрам, и еден независен пратеник Чедомир Саздовски. 25 декември се предвидува како можен датум кога на пленарна седница може да се решава за имињата на министри и заменици министри.

Слични содржини