Ново рочиште за „Поткуп“ на 30-ти април

од Vladimir Zorba

По рочиштето за случајот „Поткуп”  кое зад затворени врати траеше повеќе од два часа, премиерот Зоран Заев посочи дека нема ништо незаконско во прислушуваните разговори кои се користат како доказ во постапката.

На рочиштето биле преслушани сите разговори обезбедени со посебните истражни мерки и прегледани сите смс пораки, но никаде немало договарање на поткуп, со што повеќе од јасно е дека се работи за монтиран процес – изјави премиерот по завршување на рочиштето.

Неговиот адвокатски тим додаде дека Апелацискиот суд сѐ уште нема донесено одлука и не се знае дали јавноста ќе може да ја чуе и види целосната снимка чии делови веќе беа објавени на јутјуб и која е доказ во оваа постапка.  Следното рочиште за случајот „Поткуп“ е закажано за 30 април./24 вести

Слични содржини