Обама го нарече Трамп „чукнат“ и „неинформиран“

од Vladimir Zorba

obama

Барак Обама денеска од Лаос го критикуваше Доналд Трамп и го нарече „чукнат“ и „неинформиран“, откако републиканскиот кандидат за претседател на САД, синоќа изјави оти смета дека рускиот претседател, Владимир Путин е подобар лидер од Обама, јавува „Би-би-си“.

Обама, кој учествува на Азискиот самит во Лаос, изјавил дека секој пат кога Трамп ќе почне да зборува, станува сè појасно дека кандидатот на републиканците е неквалификуван да биде претседател.

„Мислам дека човекот е неквалификуван да биде претседател на САД и секој пат кога ќе прозбори тоа се потврдува. Мислам дека она што е важно за јавноста и за новинарите е да го следат што зборува и да поставуваа прашања за она што делува контрадикторно, неинформирано или како чисто чукнати идеи“, изјави Обама.

Трамп, кој синоќа во Њујорк заедно со својата ривалка од демократската партија, Хилари Клинтон, одговараше на прашања на воените ветерани, рече дека доколку биде избран за претседател на САД во ноември, „добро ќе се сложува со Путин“.

„Тој (Путин) има рејтинг од 82 отсто. Кога тој ме нарекува брилјантен, јас ќе го прифатам неговиот комплимент“, изјави Трамп, додавајќи дека рускиот претседател има „одлична контрола врз својата земја“./Мета

Слични содржини