Обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро осудени на доживотен затвор бараат укинување на првостепената пресуда и враќање на предметот на повторно судење.

монструм-2-
На денешната јавна седница на апелациониот суд на која се разгледуваа жалбите по првостепената пресуда одбраната тврдеше дека истата е нејасна и противречна, а доказите ирелевантни.

За заштитениот сведок врз чиј исказ во најголем дел се темелеше пресудата тие тврдеа дека е лажен и зборувал под притисок.
Шестмината обвинети повторно тврдеа дека се невини, а доказите против нив местени.
„Оваа пресуда ми ја монтираше државата. Не прогласија за виновни уште кога не приведоа. Без аргументи и докази не казнија со максимални казни“, тврдеше Фејзи Азири кој според обвинителството бил организација и логистика на петкратното убиство.
Обвинителката, жалбите на одбраната ги оцени како паушални без наведени суштествени повреди на постапката.
„Не се истакна ниту една суштествена повреда на законот при носењето на пресудата. Ако не се докаже не може да се каже дека судот погрешно заклучил.“, велат од Јавно обвинителство.

Слични содржини