Од денеска градоначалниците немаат власт- немаат мандат !?

од Vladimir Zorba

Како опции  во партиите , како што дознаваме ,се разгледуваат и именувања на заменски градоначалници бидејќи актуелните немаат повеќе ингеренции и сосем е сеедно дали истиот ќе ги добие ингиренциите кои ги нема или ќе биде именуван нов вршител на должноста

 

Од ноќеска на полноќ истече мандатот на градоначалниците, кои од денеска ќе одат на работа, ќе земаат плата ама ќе немаат право на потпис,  на покренување  на нови проекти и затоа што нивниот статус правно не е дефиниран. Вонички кажано немаат команда, всушност тие не се повеќе градоначалници, ниту советниците имаат мандат да заседаваат, значи потребни се нови локални избори. Ова е нова принудна сосотјба за која треба ново законско покритие за да бидат дефинираним нивните позиции до оддржување на нови локални избори.

Градоначалниците на општините во Македонија од денеска  ќе работат без мандат, информираше по состанокот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски. Тој упати барање до политичките партии во Собранието на Македонија за поскоро донесување на закони за нивно функционирање до следните избори.

– Со оглед на тоа што има различни толкувања од професори или институции за тоа дали градоначалниците можат да продолжат да функционираат или не, ние како ЗЕЛС за да бидеме сигурни и да нема подделеност, бараме од Парламентот што побргу да се состане и да ги донесе измените на законот за избори и законот за локална самоуправа со што ќе се распишат следните локални избори, истакна Трајановски.

Како опции  во партиите , како што дознаваме ,се разгледуваат и именувања на заменски градоначалници бидејќи актуелните немаат повеќе ингеренции и сосем е сеедно дали истиот ќе ги добие ингиренциите кои ги нема или ќе биде именуван нов вршител на должноста задолжен за општината кој исто ги нема, и не е избран пд граѓаните туку ќе биде технички поставен како и техничкиот премиер чија улога е спроведување на изборите.Секако за сите тие комбинаторики треба прво да се состане новиот парламент, и да се формира нова влада.

 

Слични содржини