Од секојдневјето за илјадници Парижани кои живеат во „собичка- кокошарник “

од Vladimir Zorba

Одаите се со големина под 9 квадратни метри

1475026320-51353
За нив нема “мој мил мајчин дом” во градот на светлината. Вечер, тсо свиткани  нозе, тие се повлекуваат во своите кокошарници или гнезда собички. Во Париз илјадници луѓе ги  населуваат овие “совички  за кокошки” со големина под 9 квадратни метри, иако тие се забранети за изнајмување, пишува Франс прес.
Иван Лопез, на 35 години, е еден од луѓето кои живеат под кирија во овие лоши услови. Со пот на челото, тој не донесува во својот стан со површина 6,8 квадратни метри под покривот на задругата, во кое во деновите на силни горештини човек директно може да се свари.

“Работам ноќе, наутро се прибирам дома и е ужасно топло , не можам да спијам “, раскажува со очај во гласот Иван, кој е рецепционер  на ноќни смени и е од мексиканско потекло.

Иако има  две стабилни работи, тој не успева да најде нешто подобро од оваа сведување на ваква  соба, за која плаќа 370 евра кирија месечно и во која живее од осум години, стиснат меѓу пожолтената тушкабина, фрижидер и кревет што му служи за кауч и  полица за складирање.

“Немам гаранти, немам семејство во Париз, зборувам со акцент”, додава тој во обид да  ги објасни одбивањата кои ги прима од агенциите за недвижности.

Во богат кварт во северозападниот дел на главниот град 67-годишната Виктоар Ратримозон со мака  се искачува шестиот кат , кој води до нејзинзата собичка. Таа е дојдена од Мадагаскар во 2011 година, за да го  чисти живеалиштето на семејството од задругата што ја сместиле е во тоа приспособена просторија. Еден ден, сепак семејството се пресели и се обиде да ја избрка.

“Ми рекоа:” Немаме потреба од вашите услуги, најдовме  помошничка за 400 евра месечно “, раскажува Виктоар низ солзи. Оттогаш таа се држи во ова живеалиште со површина од 7,5 квадратни метри, поради недостаток на нешто подобро.

“Речиси не живеам тука. За мене тоа е како привремено прибежиште “, додава таа, застаната среде собата без вентилација и без парно, со преполни од предмети полици, кои се редат до таванот.

Виктоар, слично на Иван, очекува просторијата во која живее, да биде признаена за” непогодно за населување “. Ова ќе го спречи нивното протерување и ќе го задолжи сопствениците, или во отсуство на такви, државата да ги смести во пристојно живеалиште. Само што според хуманитарната организација” Абате Пјер “, која води силна кампања против изнајмување на лоши за живеење живеалишта , властите не сакаат да издаваат такви наредби. ajfel353

“Денес има 7.000 сервисни простории во Париз, кои се користат како основа  за живеалиште и се со површина под 9 квадратни метри, а државата не признава дека живеат во  голем дел од овие простории  и декатоа е штетно за здравјето “, вели Сара Купшу од фондацијата.

Од името на државата надлежна хигиенски-епидемиолошката агенција во Париз и регионот му тврди дека издава по шеесетина уредби на година со тенденција бројот да се зголемува. Емануел Богран, една од директоркаите во агенцијата, нагласува дека сепак француските административни судски власти се изречени во 2013 година, дека некое простории не може да биде определени за непогодни за живеење само со образложение дека површината му е недоволна.

“За просторија која е со површина помеѓу 7 и 9 квадратни метри, веќе не издаваме систематски забрани за живеење. Треба да има други критериуми, како конфигурацијата на местото тоа дали има излез надвор “, објаснува таа.

Овие  соби се вкупно 115 000, независно од големината ,  се  во зградите на Париз од времето на барон Осман, под чии покриви буржоаските семејства ја сместувале  послугата во 19 в. и почетокот на 20 в. При продажба тие излегуваат златни, како квадратен метар достигнува до 11 000 евра во најскапите населби. timthumb-14

Комунистот Јан Брос, заменик-советникот за домувањето во општината на Париз, ветува во многу скоро време да се прифати планот за трансформирање на овие површини во пристојно домување.

Албер Вердие штотуку ја  напуштил собата  со површина 6,5 квадратни метри, во која живеел 15 години за 350 евра месечна кирија. Тој е на 65 години и работи два дена неделно во кујната на Националното собрание, а во останатото време работи на различни места по замена. Денес тој се чувствува нов човек во своето ново живеалиште со површина 19 квадратни метри, каде што конечно може да си готви. “Во почетокот си велев:” Тоа не е можно. Сигурно е сон “.

Слични содржини