Од свадбата на руски олигарх: Торта на осум ката, две венчаници и прстен од 9 млн. долари

од desk2

Рускиот олигарх Алексеј Шаповалов се венча со својата вереничка Ксенија Царицина на луксузна церемонија одржана во хотелот Barvikha Luxury Village во Москва.

Иако, двајцата младенци, имаат две деца, дури сега одлучија да ја официјализираат своата врска во брачна заедница.

Венчавката била раскошна и чинела неколку милиони долари. Ксенија имала две венчаници од кои на многумина им застанал здивот, не амо поради дизајнот туку и поради цената. Гостите ги забавувала пејачката Полина Гагарина која беше во трска за Евросонг, како и рок бендот Ленинград.

Само прстенот е со 70-каратен дијамант, и чини девет милиони долари. „Беше неверојатно. Им благодарам на пријателите што фо поделија овој прекрасен миг со нас.

Посебно им благодарам на нашите семејства“, вели Ксенија по венчавката. Двојката живее во Дубаи каде често може да е видат како се возат со скапоцен автомобил Бентли.

Слични содржини