Ограбен „Тинекс“ во Скопје, а автомобил во Тетово

од desk2

Две тешки кражби се случиле изминатово деноноќие во Скопје и во Тетово, при што во првиот случај вооружен маж ограбил продавница на „Тинекс“, а во вториот, ограбен е автомобил во кој имало повеќе од 25.000 евра.


Во вторникот, во 21.15 часот во Единица за информирање и команда било пријавено дека во Скопје, во “Тинекс“ маркет лоциран на ул. „Васил Чакаларов“, од страна на засега непознат сторител со закана со пиштол било извршено разбојништво врз вработената, при што од касата одзел околу 15.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Истиот ден, од 19,30 до 00,10 часот во Тетово на ул.„Маршал Тито“, од патничко возило „Фолксваген Туран“ со швајцарски регистарски ознаки сопственост Б.К.(41) кое било паркирано на таа улица, непознат сторител извршил тешка кражба и се стекнал со имотна корист од околу 1.600.000 денари.

Имено, сторителот со тврд предмет го скршил стаклото на предната десна врата и од возилото одзел една чанта во која имало 25.000 евра, еден паричник во кој имало 1.700 швајцарски франци, мобилен телефон „Самсунг Ноте 2“, како и документи (пасош и швајцарски лична карта и возачка дозвола) и платежни картички од две банки на име на оштетениот.
Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово и се превземаат мерки и активности за расветлување на случајот.

Слични содржини