Околу илјада мигранти и бегалци кои се наоѓаat во близина на Идомени, денеска се обиделе да преминат од грчка на македонска територија преку алтернативен пат, јавија западни медиуми.

migranti

Групата тргнала напладне кон грчко село кое се наоѓа западно од Идомени. Околу 15 часот по локално време (14 средноевропско време) тие биле близу границата кога ги пресретнале и привеле грчки полицајци.

При приведувањето немало инциденти.

Според податоци на властите, на територија на Грција веќе има 44.532 бегалци. Поголем дел од нив – 23.042, се во северна Грција.

На островите се регистрирани 9.264 бегалци. На пунктот Идомени има 12.000. Крај Кукуш 3.540, во Поликастро 3.370 и во Диавата има 2.003 бегалци и мигранти. /МИА

Слични содржини