Октоподот пуштил и хакерски пипци до мејлот на СЈО

од Vladimir Zorba

Деловната и персонална поврзаност во случајот „Трезор“ рефлектира бројни конфликти на интереси, но и опасност таа да биде злоупотребена и за многу други нелегални цели. Хакерскиот упад во СЈО е еден од примерите за тоа, информира DW.

19044905_303

Браќа, кумови, пријатели…Едни директори и сопственици на приватни фирми, други директори во големи компании со сродни бизнизи, но и во роднински и пријателски врски со раководители на институции кои имаат потреба од набавки токму од нив. Кога сите „лего коцки“ (не)случајно вака ќе се наместат, според принципот „јас тебе, ти мене“, не е тешко да се има „успешен бизнис“ во Македонија. Типичен пример за ваквата шема се открива преку предметот „Трезор“, иако дел од осомничените фигурираат и во други бизнисни и зделки, кои потенцијално може да бидат предмет на истрага од Специјалното јавно обвинителство.

СЈО не го обелодени идентитетот на осомничените во „Трезор“, но од судски извори протекоа нивните функции: поранешен директор на УБК, поранешен началник на Петтата управа во УБК, поранешен шеф на кабинетот на бившиот директор на УБК и поранешен помошник – министер во МВР за информатика и телекомуникации. Четворицата се осомничени дека ја злоупотребиле службената положба и овластување, прибавувајќи имотна корист за правното лице „Финзи“ ДООЕЛ Скопје, со што го оштетиле државниот буџет за 862.042 евра.

Вмрежени и приватно и деловно

Каква е поврзаноста меѓу дел од нив? Осомничениот поранешен помошник – министер во МВР за информатика и телекомуникации е Небојша Стајковиќ, и е брат на првиот управител на „Финзи“ ДООЕЛ Скопје, Владислав Стајковиќ. Заедничко им е и тоа што двајцата во еден период директорувале во фирмата „Мобико“, во сопственост на актуелниот Главен оперативен директор на Македонски Телеком, Жарко Луковски, кој пак е во кумска врска со бившиот директор на УБК. Небојша Стајковиќ денес е и неизвршен член на Одборот на директори во Телеком.

Ваквата деловна и персонална поврзаност рефлектира голем број конфликти на интереси, но и опасност тие врски и позиции во телекомуникацискиот сектор да бидат злоупотребени и за многу други нелегални цели, поврзани со употребата на набавената опрема, предупредуваат експертите.

„Овој тип на поврзаност може да создаде услови за различни видови на злоупотреби, во случајот од злоупотреба на средства од буџетот, до злоупотреба во начинот на користење на опремата која е набавена“, вели д-р Слаѓана Тасева, претседател на Транспаренси интернешнел – Македонија (ТИ-М) .

Законските процедури обезбедуваат можности ваквите злоупотреби да бидат спречени, но прашањето е дали биле искористени за кратење на октоподските пипци меѓу актерите во случајов.

„Во постапките за јавни набавки се вградени правила за декларирање на поврзаност помеѓу заинтересираните страни и носителите на одлуки за одредена јавна набавка. Законот за трговски друштва исто така го уредува прашањето на поврзани субјекти, токму преку органите на управување и сопственичките права. Учесниците во тендери имаат обврска да пријават секаква меѓусебна поврзаност, а комисиите за јавни набавки имаат обврска тоа да го проверат од аспект на судир на интереси и можности за влијание при донесувањето на конечната одлука за јавна набавка“, објаснува д-р Тасева.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини