Оставка на „каталонскиот херој“: Бидете лојални на новиот шеф

од desk2

Шефот на каталонската полиција Жозеп Луис Траперо официјално поднесе оставка на функцијата, откако мадридските власти наредија негова смена.

Во писмо на две страници тој ги повика колегите да покажат лојалност кон новиот шеф на полицијата, кој го именува официјален Мадрид.

Шпанските власти на негово место го поставија Феран Лопес, досегашен втор човек во хиерархијата, како компромисно решение.

За време на денот на референдумот регионалната полиција не ги изврши наредбите на Мадрид да го спречи изјаснувањето на граѓаните, поради што Траперо го сметаа за херој во очите на приврзаниците на идејата за независност на Каталонија од шпанската власт.

Слични содржини