Осумнаесетгодишен Сириец обвинет за нападот во лондонското метро

од Vladimir Zorba

– Британската полиција денеска соопшти дека покренала официјално обвинение против 18-годишниот Сириец, Ахмед Хасан во врска со нападот во лондоското метро минатиот петок.

Во полициското соопштение се посочува дека Хасан е обвинет за обид за убиство во рамки на истрагата околку бомбашкиот напад во метро станцата „Парсонс Грин“ на 15 септември, при што беа ранети 30 лица.

Сирискиот тинејџер се сомничи дека ја поставил рачно изработената бомба што експлодира во последниот вагон на возот на поземанта железница.

Хасан беше уапсен во саботата во пристаништето Довер, на брегот на Ламанш, додека се движел кон бродскиот терминал за испловување кон Франција.

Во врска со нападот во метрото, полицијата досега уапси шест лица, но вчера го ослободи 21-годишен Сириец, кој беше приведен во саботата пред еден ресторан за брза храна во Лондон, без против него да покрене какво и да било обвинение.

Засега во притвор остануваат уште четири лица – тројцата осомничени кои беа лишени од слобода на почетокот на неделава во велшкиот град Њупорт, како и еден 17-години, кој беше приведен вчера во јужниот дел на Лондон. Против овие четворица досега не е покренато никакво обвинение

Слични содржини