Паметните уреди на Епл се грижат за Вашата безбедност во сообраќајот

од Vladimir Zorba

Компанијата Епл кај своите „Ајфони“ и таблети воведува нова функција која ќе ги предупредува возачите да обрнат повеќе внимание на патот, а помалку на самиот уред.

Нивната функционалност се состои во предупредувања и автоматско исклучување на одредени апликации и на известувањата за пораки. Новитетот ќе биде дел и од програмата ИОС-11.

Концептот е сличен на оној што смарт-уредите го користат при летање со авион.

Слични содржини