samka-ibraimovski

Партијата за целосна еманципација на Ромите не се согласува со проверките што сакаат да ги прават само на пријавените барања, сметаме дека како партија во Општина Шуто Оризари избирачкиот список е сто посто фалсификат и тоа мора да се провери, впрочем индикациите од бомбите кажуваат се, и тоа е што ние го бараме, не може да се манипулира со граѓаните од Шуто Оризари да нивниот глас го заокружува некој друг, затоа без да се провери на лице место во секој дом во Шуто Оризари ќе сметаме дека изборите ќе бидат нерегуларни, велат од ПЦЕР.

Затоа на време реагираме и писмено ќе доставиме до ДИК да извршат контрола на избирачкиот список во Шуто Оризари.

Еве неколку улици во кои се сомневаме: Вашингстонска, Брсјачка Буна, Нов Живот, Гари Балди и Диме Мечето, Морава, и Бутелски Венец и Црно. Овие се тие сомнителни и со сигурност тврдиме после проверката ќе се запрепастат кога ќе направат проверка на сегашниот избирачки список и проверениот, затоа на време проверете господа од ДИК“, велат од ПЦЕР.

 

Слични содржини