Турција ги информирала САД дека соборила руски воен авион, кој го нарушил турскиот воздушен простор, но американските сили немаат ништо заедничко со инцидентот. Тоа го изјави претставник на Пентагон, цитиран од “Ројтерс” .Ова е прв инцидент од 50-тите години наваму, во кој силите на држава од НАТО соборуваат руски или советски авион.

Pentagon

Претходно по повод инцидентот рускиот претседател Владимир Путин изјави: “Турција нанесе удар по рускиот авион, иако Русија склучила со САД договор за предупредување при вакви инциденти”.

Давутоглу: Нека светот знае дека секој кој ја нарушува нашата границата , ќе добие одмазднички одговор!

“Сега и нож во грбот добиваме, удрија по нашите авиони, кои се борат со тероризмот. И при тоа ние сме потпишале договор со американските партнери за предупредување за инциденти во воздухот. Турција, како што е познато, е во низата на оние кои се изјасниле дека војуваат против тероризмот во составот на американската коалиција “, рече уште Путин.

Слични содржини