Македонскиот кошаркар Перо Антиќ е пуштен на слобода. Тој беше приведен поради инцидент во ноќен клуб во Менхетен. Неколку часа со лисици на рацете тој мина во полициска станица, а по давањето изјава пред судија беше пуштен на слобода. Официјално Антиќ е ослободен без кауција.

Според американските медиуми, по вербалната расправија во клубот, извесен Шизој Блири со нож ги нападнал и тешко ги повредил иргачот на Индијана Крис Коупленд и неговата девојка. Со повреди случајно се здобила уште една жена која била во друштво на насилникот. Повредените не се во животна опасност, а напаѓачот Блири е уапсен.

ТВ Орбис ексклузивно дознава дека не станува збор за никаква опструкција на истрагата, туку дека еден од полицајците кои биле на местото на настанот бил навреден од страна на друг играч.

Перо Антиќ беше посетен и од вице конзулот во Њујорк Горан Трајков.

Слични содржини