Пешевска, Тарчуловски и Мукоски пристигнаа на распит во судот

од desk2

Пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, Јохан Тарчуловски и Крсто Мукоски пристигнаа во кривичниот суд на распит, каде што пред судиите на претходна постапка ќе дадат исказ за случувањата во Собранието, на 27 април.

Пешевска, пред да влезе во судот се поздрави со своето семејство и дел од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои беа пред Судот. Мукоски, пак, рече дека според него правно гледано нема основа за притвор.

На пратениците Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Сашо Василевски, Крсто Муковски, Љубен Арнаудов и Љупчо Димовски во петокот Собранието на Република Македонија им го симна имунитетот.

Известувањето за одземениот имунитет до Кривичниот суд од Собранието пристигна вчера по што тоа беше доставено на надлежните судии на претходна постапка, со што се создадоа услови да се постапува по предлогот на обвинителството.

Судот решава дали ќе им се одреди притвор на пратениците.

Шестемина пратеници се дел од 36-те лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија./Makfaks

Слични содржини