Десетици илјади граѓани, меѓу кои и голем број иселеници од странство, присуствуваа на синоќешното отворање на  13. Фестивал на пивото – Пивофест во Прилеп. Според локалната самоуправа тоа беше најсупешен прв ден од одржувањето на фестивалот досега.  Пиво се точи скара се крка а  Маријана сехи како што беше и договорено

11742794_1048736155137662_1245127927043205972_n

Овогодинешниот Пивофест го отворија Слаткаристика и Љубојна, а потоа следуваше ѕвездата на вечерта Саша Ковачевиќ. Вечерва посетителите ги забавуваат: Радио Актив, ЗАА, ДНК и Прљаво Казалиште. img_0693

Освен убавите работи кои што се случуваат деновиве во Прилеп на овогодинешното издание на “Пивофест”, вчеравечер се случи еден мал инцидент во кој што беше повреден пејачот на познатата рок група “Прљаво Казалиште”. Имено, по излегување на сцената пејачот сакајќи да биде поблиску до публиката, а невнимавајќи на сцената одеднаш падна од неа на што реагираше обезбедувањето кои му помогнаа на пејачот да стане и да го продолжи концертот. Како и секој професионалец, така и тој, го продолжи настапот како ништо да не се случило и се упати кон публиката пеејќи ги своите големи хитови.

Тоа е забава кога се паѓа и гине на сцена  кога се остава срце на терен би рекле спортскиве новинари

Фото република

Слични содржини