Плутон излегува малку поголем отколку што научниците претпоставуваа. Новите податоци од вселенскиот апарат “Нови хоризонти” се спротивни на досегашните предвидувања за големината на планетета, соопштува американската вселенска агенција (NASA).zx450y250_2572109

Според најновите податоци дијаметарот на Плутон е околу 2371 км. Планетата ќе ја задржи класификацијата на “џуџе”, која ја доби во 2006 година, но пак е малку поголема отколку што повеќето научници сметаа.

“Големината на Плутон е предмет на спорови, откако планетата беше откриена во 1930 година и ни е мило што  конечно го  решивме ова прашање “, вели Бил Мекинон, еден од научниците во тимот на” Нови хоризонти “.

Тој додава дека причина за нејаснотиите биле “комплицираните фактори од нејзината атмосфера”. Подоцна денес “Нови хоризонти” ќе помине на околу 12 илјад километри од Плутон, што ќе биде и најблискиот контакт со далечната планета. Во тоа време ќе се направат детални слики кои ќе се испратат до Земјата во следните неколку дена.

Слични содржини