(ВИДЕО) По 103 години во шпански град падна снег

од Vladimir Zorba

Во шпанскиот град Торевиеха, автономна област Валенсија, падна снег за прв пат по 103 години, соопшти ТАСС, цитирајќи ја агенција Европа прес. Локалните жители за последен пат ја виделе оваа природна појава во 1914 година. А, во соседниот град, Дени, за прв пат снег падна во 1983 година
Поради сложените природни услови 14 општини во Валенсија одлучија да ги укинат часовите во училиштата што засегна речиси 28 илјади ученици.
Државната метеоролошка агенција на Шпанија објави “црвен” код, највисок степен на опасност, во две од трите провинции на ентитетот – Аликанте и Валенсија.

Студениот фронт, сместен над Пиренејскиот полуостров, стана причина утринава да биде прогласена тревога во многу шпански автономни области. Таму дува силен ветер, а паѓа големо количество снег. Температурите се екстремно ниски – 15 до -20 степени. Се очекува заладувањето во Шпанија да трае до сабота.

Британскиот весник “Гардијан” објави дека од студот и силните врнежи во многу земји во Европа во последните неколку дена загинаа 61 лица.

Слични содржини