janeva sobranie

Одложена комисиската расправа за Извештајот на Јанева. Иако овој извештај предизвика огромна заинтересираност кај пратениците и тие ја преполнија комисиската сала, седницата не се одржа. Јанева не дојде на расправата, а по самоиницијатива на претседателот на Комисјата за политички систем  Влатко Ѓорчев таа се одложи и не продолжи со расправа иако можеше тоа да се стори без нејзино присуство.Ѓорчев не им дозволи на пратениците да гласаат за одложувањето. Ова предизвика остри реакции кај опозициските пратеници.

Исто така минатата недела Jанева не се појави ниту во Советот на јавни обвинители, па претседателот Петар Аневски рече дека ја одложиле седницата бидејќи имале нејаснотии во извештајот, што морало лично Јанева да ги образложи.

Од СЈО коментираа дека немаат законска обврска да го образложуваат и јавно извештајот, бидејќи според законот за специјално обвинителство, Јанева е обврзана да поднесува извештај за својата работа на секои шест месеци до собранието и советот на ЈО, но не и да дава отчет.

Слични содржини