По наредба на Путин останатите сириски бунтовници во Алепо ќе бидат префрлени во Идлиб

од Vladimir Zorba

– Руски војници по наредба на претседателот Владимир Путин ќе ги префрлат останатите бунтовници и нивните семејства од градот Алепо во Идлиб. Сириските власти ја гарантираат нивната безбедност, соопшти денеска рускиот Центар за помирување на завојуваните страни.

Бунтовниците и нивните роднини ќе бидат евакуирани со 20 автобуси и 10 автомобили на службата за итна медицинска помош низ специјален коридор кон Идлиб.

Градот Идлиб е административен центар на истоимената провинција, која граничи со Турција и е речиси целосно под контрола на бунтовниците.

Слични содржини