Почнува судскиот процес против напаѓачот на Шекеринска

од Vladimir Zorba

 

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да започне судскиот процес против еден од напаѓачите при упадот во Собранието на 27 април годинава.  Станува збор за предметот против лицето кое ја потегна за коса сегашната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.

Јавното обвинителство на почетокот на минатиот месец поднесе обвинение против напаѓачот и тоа е еден од првите предмети кои се процесуираат за овие напади во кои беа повредени повеќе пратеници, новинари и вработени во Собранието.

Според обвинението, напаѓачот се товари за насилство за кое е предвидена казна затвор од три до десет години.

Ова е второ обвинение кое е поднесено за настаните од крвавиот четвроток на 27 април. Претходно беа обвинети и осудени на условни казни девет лица  за учсетво во толпа.

Слични содржини