Полицаец повредил двајца малолетници со еден куршум во Струмица

од desk2

Седумнаестгодишно момче од Радовиш е тешко повреден и е префрлено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, откако во петок попладне во него пукал полицаец во самоодбрана, кај градската капела во Струмица. Друго 16-годишно момче е повредено во нога.

Момчињата со двајца нивни другари се осомничени за кражба кај браната Мантово, Радовишко и бегале од полицијата со словенечки регистарски ознаки. Биле пресретнати со две возила на земјениот пат кај капелата на струмичките гробишта.

При обидот да биде приведено, момчето од Радовиш го нападнало полицаецот кој испукал еден куршум, што ги погодил двете момчиња, едното во градниот кош, а другото во нога.

Полицијата ги презема потребните мерки за целосно расчистување на случајот.

Слични содржини