Поништена лустрацијата и на писателот и поранешен амбасадор Трајан Петровски

од Vladimir Zorba

Вишиот Управен суд ја поништи лустрацијата на писателот и поранешен амбасадор во Турција, Трајан Петровски, информира 24Вести.

Овој суд на 12 декември минатата година донел решение со кое жалбата на Комисијата за верификација на фактите, против пресудите поништени од Управниот суд, се отфрла како недозволива. Претходно Управниот суд ја уважил жалбата на Петровски.

„Во оваа пригода се воздржувам од коментари. Тоа право го резервирам за подоцна со поопсежни студии и книжевни дела. Ќе завршам со реченицата: „Конечно се урна злосторничката авантура наречена лустрација, којашто и нанесе огромна штета на земјата, и политичка и безбедносна и морала и материјална во најширока смисла. Се посегна по честа, угледот и достоинството на многумина истакнати општественици, заслужни дејци од областа на културата, науката и воопшто од кругот на интелигенцијата“, се вели во писмената изјава на Петровски.

Целиот текст можете да го прочитате тука

 

Слични содржини