Поради пожар се евакуираат луѓе во Црна Гора

од desk2

На Луштица кон Бигово, во Црна Гора во тек е евакуација на еден дел од жителите поради пожар кој нагло се разгоре и со голема брзина се шири поради силниот ветар.


Со оган се зафатени повеќе од 100.000 метри квадратни земјиште, а огнот се шири.

„Ситуацијата е тешка. Имаме најави за олуен ветар, па може огнот да прескокне дел од патот и да продолжи да се шири кон кужите“, вели началникот на противпожарната служба на Котор.

Според него, на одредени места пламенот е висок до 30 метри. Вели дека ќе дадат се да ја одбранат населбата.

Началникот на службата за спасување на Тиват вели дека пожарот се шири многу брзо и дека оди кон плажата.

Повторно е активиран пожарот кај Рос. Ситуацијата е алармантна затоа што ветрот е силен и менува правец.

Попладнево пак избил пожар и кај Тутунскиот комбинат во Подгорица, кој е многу блиску до станбените згради. Сите служби се на терен и се борат против огнената стихија.

Слични содржини