Пораките на Столтенберг не се изненадување, премиерот оптимист за решение за името

од desk4

Вратите на НАТО се отворени, но вие решавате, вака професорот Нано Ружин ја коментира изјавата на генералниот секретар на НАТО Столтенберг дека нема план Б за Македонија – решавање на името па евроинтеграција. Според Ружин, оваа порака се однесува на сите инволвирани страни власта, опозицијата и соседите, информира ТВ24

.

„Она што е битно е дека упати порака дека Макеоднија ги трча последните 100 метри маратон и дека тоа е можност која мора да се искористи дотолку повеќе што истовремено се случуваат и преговорите со Атина каде што исто така постојат позитивни рефлексии дека проблемот набргу ќе биде надминат со онаа формула на компромис каде што нема да има победник и секогаш ќе има по малку незадоволство, но тоа е политиката“, вели Нано Ружин – универзитетски професор

Дали и двете страни ќе бидат незадоволни премиерот Заев не потенцира, но уверува дека ќе биде изнајдено решение за проблемот што Грција го има со уставното име на Република Македонија.

„Јас сум оптимист, верувам дека помеѓу две земји, кои се пријатели и имаат намера да бидат уште поблиски, ќе се изнајде решение каде ќе се сочува достоинството на двете страни, а ќе биде придобивка за граѓаните на двете земји“, рече Зоран Заев – претседател на Владата на Република Македонија

Тој не сакаше да ја коментира изјавата на преговарачот Наумовски дека Макеоднија добила недостоинствен предлог бидејќи не треба само да си ги уништуваме позициите во преговорите.

Целиот текст може да го прочитате тука

Слични содржини